Фолксваген моментално работи на првата тркачка верзија на седмата генерација на популарниот Голф модел, што ќе биде развиена во согласност со ТЦР регулативите и ќе има околу 325 коњски сили.
Германската компанија планира првиот модел да го тестра до крајот на тековната сезона.
– Новата ТЦР категорија нуди ветувачка платформа за привтани натпреварувачки тимови на нашите корисници на национално и интернационално ниво, изјави директорот на Фолксваген Мотоспорт Јопт Каспито.
Тркачката изведба на Голф ќе биде опремен со 2,0 литарски четирицилиндерски мотор со 325 коњски сили и ДСГ менувач.