Ивановски: Од спојувањето на Вип и ОНЕ се очекува бенефит

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски смета дека ќе има бенефит од спојувањето на двата мобилни оператора Вип и ОНЕ.

– Ако добро ги погледнете обврските кои ги наметнува Комисијата за заштита на конкуренција на новата фирма која ќе настане од спојувањето е дека мора да има минимум виртуелен оператор, а се надеваме дека ќе бидат два. Таа обврска ќе важи и за Македонски телеком и за Т-Мобиле. Веќе сме во преговори за и на нивна страна да има ушпте еден минимум виртуелен оператор. Со тоа Македонија ќе добие четири оператори, а не како што сега се три, изјави минситерот Ивановски одговрајќи на новинарски прашања по денешната промоција на проектот за воведување систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусија на јавниот градски превоз.

Тој додаде дека од ова ќе има бенефит бидејќи мобилниот оператор ќе има регулирана цена.

– Виртуелниот мобилен оператор, појасни, ќе има регулирана големопродажна цена која ќе биде пониска од сегашните оператори и тоа ќе го направи Агенцијата за електронски комуникации откако ќе направи анализа на пазарот за кои се реалните трошоци со цел тој виртуелен оператор да егзистира и да биде конкурентен на пазарот.

Би можело да ве интересира

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ