Адеми: До септември треба да се дефинира концептот за државна матура

Од:

Министерството за образование и наука очекува до септември да се дефинира конечниот концепт за државната матура и за екстерното оценување.

–  Ќе извршиме детална анализа на двата проекта вклучувајќи ги сите засегнати страни се со цел да дојдеме до едно најдобро решение. За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна, а од друга страна имаме подобри резултати од минатата учебна година. Ова ни дава дополнително аргументи дека сме биле во право кога сакавме математиката да биде задолжителна, но сепак ќе се консултираме со сите засегнати страни околу натамошните чекори, изајви денеска министерот за образование Абдилаким Адеми, одговорајќи на новинарско прашање.

Во август, како што рече, може да се очекува да бидат свикани сите засегнати страни.

– До септември сакаме да имаме нов концепт и овој период ќе го искористме за консултации, рече министерот Адеми.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците