Парламентот во Софија денеска го избра Димитар Радев за нов гувернер на Бугарската народна банка (БНБ).
Како што јави БТА, тој беше предложен од парламентарните групи на владејачките партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Реформаторскиот блок.
Вкупно 130 пратеници гласаа за изборот на Радев, 16 беа против, а 34 воздржани.
Радев положи заклетва во Парламентот и неговиот мандат на гувернерската функција ќе трае шест години.
Тој е магистер по економија, финансии и кредит. Во последните 14 години Радев работи во Меѓународниот монетарен фонд.