Најмалку 21 лице се повредени синоќа, кога бугарски автобус, што сообраќал од австрискиот град Салцбург кон Бугарија, излетал од патот и се првртел во близина на унгарскиот град Сегедин, јави БТА.
Веднаш по несреќата, на местото на инцидентот пристигнале 11 амбулантни возила, кои ги пренеле повредените во болниците во Сегедин, Кечемет и Сентеш.
Според претставник на регионалната управа на унгарската полиција Саболч Сенти, седуммина од жртвите се здобили со потешки повреди, од кои една е во животна опасност.
Во време на несреќата во асвтобусот се наоѓале двајџа возачи и 37 патници, од кои сите, освен еден кој е Австриец, се бугарски државјани.
Патниците кои минале без повреди, веднаш по инцидентот биле пренесени во местото Киштелек, каде очекуваат да простигне превоз што ќе ги одведе до Бугарија.
Причините за несреќата засега не се познати.