Тројца градежни работници од Косово загинале во Казахстан

Од:

Тројца косовски градежни работници го загубиле животот а уште тројца се се повредени во Астана, Казахстан. Работниците биле ангажирани од компанијата „Мабетекс“(„Mabetex”), сопственост на Беџет Пацоли, еден од најбогатите Албанци во светот и лидер на партијата Алијанса за ново Косово.

Како што потврдија од компанијата животот го загубиле Блерим Кадриу(1981), Беким Дурмиши(1983) и Луан Бакиа(1976),додека повредени се Хајруш Хоти(1969) Исуф Беколи(1956) и Авни Максути(1979).

Несреќата се случила во моментот на демонтирање на 20-метарско скеле на еден градежен објкет, при што тоа се урнало и тие паднале од голема висина.

Во соопштението од компанијата тие искажуваат длабоко сочуство до семејствата на загинатите работници и информираат дека се преземени сите потребни чекори за трансфер на нивните тела во родните места.

Од фримата, чие седиште е во Лугано, Швајцарија, наведувааљт дека ова е најголема трагедија што се случила во текот на постоењето на истата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица