Капетанот на „Коста Конкордија“ прв пат сведочеше на суд

Од:

Капетанот на бродот „Коста Конкордија“, Франческо Скетино денеска прв пат сведочеше во судот, бранејќи ги своите постапки во ноќта кога се случи трагедијата во која загинаа 32 луѓе.

Скетино детално прераскажа какви наредби дал непосредно пред и после несреќата, бранејќи го маневрот што го наредил откако „Коста Конкордија“ удри во гребен и заринка.

На сослушувањето на Скетино присуствуваа и некои од преживеаните кои кажаа дека сеуште не се закрепнати од траумата, девет месеци по несреќата во близина на островот Џилјо, кога во паника скокаа од бродот што тонеше.

Скетино во повеќе наврати беше нападат дека го напуштил бродот пред да заврши евакуацијата, а покрај него под истрага се уште деветмина, вклучувајќи и шест членови на екипажот, како и тројца претставници на компанијата.

До сега никој не е формално обвинет за случајот „Коста Конкордија“ со оглед дека на истражителите и обвинителите им е оставено да се произнесат најдоцна до јануари следната година.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски