Во манастирот „Св. Илија“ во селото Дрен во близина на Прилеп денеска почнува осмата ликовна колонија „Дрен“ што ја организира Центарот за култура „Марко Цепенков“.
На колонијата ќе учествуваат уметници од Македонија, Србија, Русија и за првпат од Турција кои ќе ги создадат своите уметнички дела се до 20 јули.
Директорот на Центарот, Тони Чатлески е задоволен што колонијата станала вистински ликовен бренд не само на градот, туку и на Македонија.
Уметничките дела создадени за време на колонијата ќе бидат презентирани на 4 септември на завршницата на годинашното Прилепско културно лето.