Преговарачите бараат нов краен рок за иранската нуклеарна програма

Од:

Претставниците на шестте светски сили и Иран денеска, по маратонските преговори, побараа продолжување на поставениот краен рок за постигнување на договор, со цел конечно затворање на историскте преговори за спорната иранска нуклерна програма.

– Се е на маса. Сега е време за одлука, изјави францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус.

Новиот краен рок за постигнување на договор истекува утре додека двете страни ја разгледуваат можноста за продолжување на преговорите во Виена со цел завршување на 13-годишната блокада во преговорите со Иран.

Трите претходни крајни рокови во овој круг преговори, 30 јуни, 7 и 9 јули веќе се пропуштени, а преговарачите остануваат без клучниот договор.

– Околу 98 проценти од текстот од договорот се заврешени, изјави извор близок до преговарачите по вчерашните преговори.

Иран и Групата 5+1 министри на Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД плус Германија се обидуваат да постигнат договор за намалување на способноста на Иран да развие нуклеарно оружје во замена за ослободување на Техеран од меѓународни економски санкции.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека планира да земе учество во разговорите меѓу шесторката и Иран денеска во Виена, јави претставник на руското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ