Министрите од еврозоната бараат брза акција и повеќе мерки од Грција

Од:

Партнерите на Грција од еврозоната побараа веднаш да се гласа за итни акции кои земјата треба да ги преземе, да усвои дополнителни мерки и да додаде повеќе детали во предлозите, пишува „Катимерини“ повикувајќи се на свои извори во врска со вчерашниот состанок на Еврогрупата.

Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос наишол на скептицизам кај некои од неговите колеги, кои изразиле загриженост за тоа дали на Владата може да и се верува дека ќе ги спроведе мерките кои се потребни за третата финансиска помош.

Претставник на европските институции изјавил дека дискусијата била фокусирана на тригодишна програма во вредност од повеќе од 80 милијарди евра.

Голем број држави изразиле желба и став дека Меѓународниот монетарен фонд треба да биде дел од секоја нова програма и оти грчката Влада веднаш треба да почне да ги претвара мерките во закони.

Според други извори, претседателот на Европската централна банка Марио Драги изразил загриженост за системски ризик кој ќе биде предизвикан од страна на Грција ако не плати обврзници од 3,7 милијарди евра што ги има ЕЦБ, долг кој ќе доспее на 20 јули.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит