Атина демантира дека Шојбле покренал прашање за грегзит

Од:

Грчки владини извори негираа дека германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го поставил прашањето за грегзит на состанокот на Еврогрупата во Брисел.

Според интерен документ на германското Министерство за финансии, објавен во денешното „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Германија не е задоволна од грчките предлози и препорачува две други опции за Грција.

Првата опција е „Грција да ги подобри своите предлози со целосна поддршка од Парламентот“, додека втората предвидува преговори со Атина за „тајм аут“. Грција да ја напушти еврозоната најмалку пет години и да ги реструктуира своите долгови. Останува членка на Европската унија и продолжува да добива „техничка, хуманитарна и поддршка за растот“.

Во документот исто така се вели дека „во грчките предлози недостасуваат клучни реформи со цел модернизација, како и долгорочно унапредување на финансиски развој и одржлив раст“ и поради оваа причина предлозите „не можат да бидат основа за нова тригодишна програма од Европскиот фонд за стабилност (ЕСМ)“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит