Могерини: Трагедијата во Сребреница ја испиша најцрната страница на неодамнешната европска историја

Од:

Трагедијата во Сребреница ја испиша најцрната страница во неодамнешната историја на Европа и тоа злосторство повика на одлучна одлука за нешто слично никогаш повеќе да се повтори, а за ова е потребно да се зачува единството на Европската унија (ЕУ), порачала високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини во обраќање по повод 20-годишнината од геноцидот во кој беа убиени повеќе од осум илјади Бошњаци.

„Времето и зборовите не можат да ја ублажат болката на мајките кои дури не можеа нити да ги погребаат своите деца. Но времето и зборовите денес можат сите нас да не потсетат што Европа е и што таа треба да биде“, изјавила Могерини во порака, објавена во саботата од страна на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина (БиХ).

Могерини истакнала дека во Сребреница, Европа се соочува со својот срам бидејќи таму ги изневерила ветувањата на нејзините основачи и соновите на нивните внуци дека никогаш повеќе нема да има војна во Европа, дека повеќе нема да има убивања поради раси или нации и дека повеќе нема да има геноцид.

„Сребреница е повик на акција. А таа акција значи ова никогаш повеќе да не се повтори“, изјавила Могерини, која морала да го откаже доаѓањето во Сребреница поради продолжувањето на преговорите со Иран околу нуклеарната програма.

Таа предупредила дека Сребреница е и потсетник дека поделбата на европските народи на „ние“ и „тие“ може да предизвика само нови судири.

„Тежнеењето кон „етнички чисти“ држави нема да донесе мир. Мораме да им овозможиме на сите заедници да бидат цели, а не растргнати. Заедничкиот живот е целта на нашата Унија“, порачала Могерини, поддржувајќи ја европската перспектива на БиХ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он