Доколку Грција постигне спогодба за нова помош, таа треба да биде одобрена од неколку парламенти

Од:

Доколку Грција и нејзините европски партнери постигнат спогодба в недела за трет спасувачки пакет за Атина, работите со тоа нема да завршат, бидејќи најмалку осум парламенти на земји од еврозоната треба да ја одобрат, а Бундестагот треба да ја одобри дури два пати, јави БТА.

Во повеќето случаи одлуката на пратениците нема да биде оспорувана и доколку во одредената земја има незадоволството кај јавноста. Сепак во некои држави како во Словачка и Летонија работите можат да се искомлицираат. Отпорот може да се зајакне доколу спогобата се однесува на грчкиот долг.

Во Холандија пратениците сами ќе одлучат дали да гласаат или не. Во Ирска Владата не е должна да побара одобрение од Парламентот, но може да одлучи да го побара со цел да ја оправда својата одлука.

Одобение од Парламентот не е потребно во Белгија, Луксембург, Кипар, Литванија, Италија, Шпанија и Потугалија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит