Папата Франциско се шокираше кога боливискиот претседател Ево Моралес му подари крст со распнат Исус Христос во форма на срп и чекан.
Подарокот на боливискиот претседател е реплика на крстот кој го изработи Луис Еспинал, кој го уби боливиската диктатура во 1980 година. Еспинал крстот го замисли како симбол за потреба од христијанско-марксистички дијалог со работниците и земјоделците. Моралес, левичарски популист, му го врачи крстот на папата во средата, за време на неговата посета на Ла Паза и тој беше видливо шокиран.
Папата претходно се помоли на местото на кое Еспинал беше убиен на патот меѓу Ел Алто и Ла Паз.
– Тоа беше дело на Еспинал, рече потпаролот на Папата, Федерико Ломбарди, без никакви други дополнители коментари.
– Не е на мене да ги протолкувам потезите на претседателот Моралес, рече тој. Папата не очекуваше таков подарок, тоа е јасно, призна тој.