Кредиторите вечерва ќе ја завршат проценката на последните грчки предлози

Од:

Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд ги разгледуваат последните грчки предлози и вечерва ќе ја завршат нивната проценка, јави дописникот на МИА од Атина.

Работната група на еврото ќе има состанок утре во 11 часот, а попладнето е закажана и средба на еврогрупата.

Грчките медиуми цитираат анонимен извор од еврозоната според кого инситутциите исто така ќе направат проценка на барањето на грчката Влада за нова финансика помош од Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), земајќи ја предвид стабилноста на еврозоната, одржливоста на грчкиот долг и вистинските финансиски потреби на земјата во следните години. Пред се, институциите ќе извршат проценка на грчките предлози со списокот приоритетни дејствија.

Ако на утрешниот состанок на еврогрупата биде одобрена нова прогрма за поддршка на Грција, тогаш можеби нема да има потреба од самит на ЕУ во недела.

Во врска со таканареченото „преодно финансирање“ кое ќе ги покрие финансиските потреби на Грција за следниот месец, истиот извор истакнал дека за да почнат дискусиите, мора да има договор за долгорочно финансирање на грчката економија. Тој исто така појаснил дека евентуален договор со ЕСМ не значи дека ќе можат да се исплаќаат рати.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент