Македонските одбојкари гостуваат кај Естонија

Од:

Македонската одбојкарска  репрезентација вечерва го игра првиот натпревар од А групата од Европската лига.

Нашата селекција гостува кај Естонија, која ја има улогата на фаворит. Голем проблем за избраниците на селекторот Жарко Ристоски е тоа што нашата репрезентација не одигра ниту еден контролен натпревар во рамките на подготовките.

За двете репрезентации ова се првите натпревари во групата, а досега останатите ривали одиграа по два натпревара. Полска и Австрија имаат по две победи и се на делба на првата позиција на табелата со по шест бодови, додека Израел и Данска имаат по два пораза.

Дуелот Естонија – Македонија почнува во 20 часот, а утре двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ