Најмалку две лица се убиени денеска во германската покраина Баварија кога вооружен маж отвори оган во предградие на Ансбах, соопшти локалната полиција.
Според првичните информации, мажот, чиј идентитен не е соопштен, прво отворил оган од неговото возило марка „Мерцедес“ во гратчето Тифентал и убил 82-годишна жена, а потоа заминал до селото Рамерсдорф каде застрелал еден велосипедист.
Исто така, пукал и на уште еден минувач и едно возило, но тие не настрадале.
Напаѓачот побегнал, но по кратка потера е пронајден и уапсен на бензинска пумпа во градот Бад-Виндхајм.
Причините за нападот за сега не се познати.