По Хрватска, долги години никој нема да влезе во ЕУ

Од:

Британскиот Фајненшел Тајмс во делот на текстот посветен на влезот во ЕУ, пишува дека после таа земја во ЕУ долги години нема никој повеќе да влезе.

Угледниот британски весник оценува дека скепсата околу тоа дали е Хрватска подготвена за влез во ЕУ се заснова на искуството со Романија и Бугарија, кои ги запреа сите неопходни реформи кога влегоа во европската заедница.

Сепак, Фајненшел Тајмс додава дека влезот на Хрватска во ЕУ не се доведува во прашање, и дека ставот за неподготвеноста на Хрватска може да се смета само како предупредување.

„Хрватска сигурно ќе се приклучи на Европската Унија на 1 јули идната година, но е многу веројатно дека таа е последната европска земја која ќе го направи тоа во следните неколку години“, заклучува во текстот ФТ.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани