Долги години Грција ќе зависи од финансиска помош, смета германски институт

Од:

Германскиот институт за економски истражувања DIW денеска објави дека Грција ќе биде зависна од финансиска помош долги години потоа, без разлика дали ќе биде во еврозоната или не.

– Не треба да имаме илузија дека Германија може да живее подобро со неуспех на преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори. Грција ќе биде зависна од европска помош долги години потоа, па дури и таа да е хуманитарна, изјави претседателот на Институтот, Марсел Фрацшер.

Тој истакна дека „во еден момент ќе биде постигнат договор и прашањето не е дали, туку кога“. Според него колку повеќе се одолговлекува решението, толку поболно ќе биде за Грците.

Фрацшер смета дека во следните две години Грција ќе има потреба од трет спасувачки пакет од 30-40 милијарди евра, а освен тоа и дополнителни милијарди за да се зачува платежната способноста на банките.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит