Меркел: Добар развој на БиХ може да биде просперитет за цел регион

Од:

Во БиХ има проблеми кои треба да се надминат и сметаме дека тие се многу комплицирани, но целиот регион може да просперира само со добар развој на БиХ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција во Сараево.

Таа изрази задоволство од стапувањето во сила на Договорот за асоцијација и стабилизација меѓу БиХ и ЕУ.

– Сега пред нас се наоѓа следниот чекор, а тоа е патот кон статус земја кандидат и на тој пат имаме задача, а тоа е усвојување реформска агенда. Се согласивме дека спроведувањето реформска агенда од една страна е лесно, но од друга страна со себе носи тешки одлуки, истакна Меркел.

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ изрази вистинско задоволство од добрите меѓусебни односи.

– Јасно нагласив дека БиХ не е идеална земја во која е се организирано како што треба, но е земја кој во споредба со проблемите сепак одлично функционира и отвора простор и перспектива за луѓето кои се свртени кон иднината да најдат решение и да овозможат подобар живот за сите, додаде Иваниќ.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани