Заев не мора да се појави во суд зашто судијата бил на годишен одмор

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 го примиле известувањето на Основниот суд Струмица дека лидерот на опозицијата не ја почитува мерката на претпазливост и во понеделникот не се јавил во судот, заради тоа што бил на годишен одмор, судијата што го води случајот “Пуч“, ќе постапувал по известувањето по враќањето од одмор.

„Постапувајќи по решение на овој суд, по предметот КОК ПП бр. 52/15-4, за јавување на обвинетиот Зоран Заев пред судија на претходна постапка, при Основниот суд во Струмица како мерка за претпазливост, судијата од Судот во Струмица го извести надлежниот судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје дека Зоран Заев на 6.7.2015 година не се јавил во Судот во Струмица во предвидениот термин.

Воедно, судијата на претходна постапка при Основниот суд во Струмица го извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје дека на 6.7.2015 година во 9.25 часот бил исто така известен од секретарот на Општина Струмица дека г. Зоран Заев тој ден нема да се јави во Судот. Исто така, секретарот на Општина Струмица не дал никакво оправдување ниту образложение за неговото отсуство и тоа е наведено во известувањето што го добивме.

Ова известување е доставено до надлежниот судија на претходна постапка при овој суд, кој ја издал мерката за претпазливост, за кој информираме дека во моментов користи денови на редовен, планиран годишен одмор, а по неговото враќање соодветно ќе постапува по ова известување“, стои во соопштението од Судот.

Во случајот „Пуч“, Заев е обвинет за насилство врз претставници од највисоката државна власт.

Нему му беше одземен пасошот и имаше наредба еднаш во неделата да се јавува во Судот во Струмица, со што ќе покаже дека е достапен за органите на прогонот. Потоа пасошот му беше вратен за да може да оди во Брисел на преговорите за надминување на политичката криза.

Заев најави уште минатата недела дека нема да го посетува судот, затоа што смета дека правосудството во Македонија е целосно во рацете на премиерот Никола Груевски и фамилијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните