Туск: До полноќ од Атина се очекуваат конкретни и реални предлози

Од:

До крајот на денов Атина треба да даде „конкретни и реални“ предлози за реформи, изјави на прес-конференција претседателот на ЕУ, Доналд Туск по телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Реалните предлози на Грција треба да бидат проследени од исто толку реални предлози од кредиторите за решавање на должничката криза, истакна Туск, додавајќи дека само тогаш ситуацијата ќе биде прифатлива и за двете страни.

Во Брисел под „мерки за враќање на долгот“ се подразбира можност за реструктуирање на долговите на Атина.

Крајниот рок за Атина да даде предлози за реформи истекува денеска на полноќ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит