Концерт на Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт

Од:

Во рамки на „Скопско лето“ вечер во Куршумли ан концерт ќе одржи Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија, под диригентство на Бас Полард.

Оркестарот е основан во 1823 година и е најстариот симфониски оркестар во Холандија (запишан во Гинисовата книга на рекорди во 1998). Тој е еден од најдобрите студентски оркестри во земјата составен од 90 членови-студенти од сите факултети кои свират некој инструмент и ја споделуваат музиката со голем ентузијазам.

Во минатото оркестарот настапувал со солисти како Франц Лист, Камиј Сен-Санс, Клара Шуман и Јозеф Јоаким. Традиционално, дел од годишните концерти се одржуваат во познатите музички сали низ цела Холандија, како што се салата на Кралскиот Концертгебау во Амстердам и во матичниот град Утрехт во Тиволи Вреденбург. Еднаш во годината оркестарот настапува надвор од својата држава. Актуелниот диригент Полард го раководи оркестарот од 1997 година.

На „Скопско лето“ вечер, во рамки на програмата „Кафе-кино“, ќе биде прикажана и литванско-летонската копродукција „Коцкарот“ од 2013 година, во режија на Игнас Јонинас.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022