Заев на средба со амбасадорот на Норвешка

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка задолжен за Република Македонија, Нилс Рагнар Камсваг.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев му се заблагодари на амбасадорот за взаемната соработка и неговите лични заложби за помош во решавање на длабоката политичка криза во Македонија. Исто така голема благодарност изрази и за големата поддршка којашто Норвешка, како голем пријател на нашата земја, постојано ја дава за враќање на демократските процеси и европските вредности во државата.

Преговорите би требало да резултираат со договарање на Влада којашто нема да ја предводи Никола Груевски и којашто ќе има за цел да ги организира п
редвремените парламентарни избори, коишто треба да се одржат кон крајот на април, следната година за да може договорот од 2-ри јуни да биде во целост имплементиран. Потребно е да се обезбеди одговорност за спроведување на договореното од сите четири преговарачки страни во преговорите, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев истакна дека неопходно е државата да се врати во нормален колосек преку враќање на независноста и демократскиот капацитет на државните институции, медиумите и судството.

Амбасадорот ги поздрави напорите коишто СДСМ ги вложува за постигнување на договор и посочи дека земјата се наоѓа во исклучително тешка политичка криза којашто е пожелно во најбрз можен временски период да биде разрешена.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација