Русија не е во можност да помогне на Грција, тоа е проблем на ЕУ, смета извршниот директор на ВТБ

Од:

Русија не е во можност да и помогне на Грција да ја реши должничката криза. Европската унија треба да најде сама излез, изјави главниот извршен директор на втората по големина руска банка ВТБ Андреј Костин.

– Тоа е проблем на Европа, изјави рускиот банкар во Уфа, каде утре официјално започнува средба на високо ниво на БРИКС, групата составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР.

Европа го создаде проблемот и треба сама да го решава. Не сметам дека Русија е во позиција да помогне, изјави Костин.

Планот на кредиторите на Грција не издржа никаква критика и позицијата на Атина е јасна, истакна шефот на ВТБ.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин