ЕП го усогласи текстот на резолуцијата за Сребреница

Од:

Претставници на водечките политички групи во Европскиот Парламент денеска ја усогласија нацрт резолуцијата за Сребреница, за која утре ќе се гласа на пленарна седница во Стразбур.

Како што пренесува Танјуг, резолуцијата за Сребреница беше ставена на дневниот ред откако претходно беше отфрлен предлогот на хрватскиот европратеник Иван Јаковчиќ за нејзинот донесување во текот на месецот, за потоа да се прифати донесувањето со вонредна процедура.

Во нацртот, настанат со усогласување на предлогот што вчера го поднесоа претставници на седум пратенички групи (народњаци, социјалисти, либерали, зелени, конзервативци и две помали евроскептички пертии), остро се осудува злосторството во Сребреница, кое во согласност со пресудите на Хашкиот трибунал и Меѓународниот суд на правдата се означува како геноцид.

Како одговорни за масовната егзекуција на повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња од Сребреница, нацртот ги означува „силите на босанските Срби под команда на генерал Ратко Младиќ, со учество на паравоени и нерегуларни единици.

„Тоа е најголемото воено злосторство што се случило во Европа по Втората светска војна“, пишува во предлог резолуцијата.

Во усогласениот текст се потсетува дека околу „200 лица од Сребреница се уште се водат како исчезнати, како и дека илјадници жени и деца се депортирани, а многу жени и силувани“.

Во нацрт резолуцијата се истакнува и соодговорноста на Обединетите нации, кои не го испилните мандатот да го заштитат населението на „заштитените зони”.

Во документот најостро се осудува не само геноцидот во Сребреница, туку и сите злосторства во војната во поранешна Југославија, а на семејствата на жртвите им се испраќаат изрази на сочуство.

Од политичките лидери во БиХ се бара да ги признаат настаните од минатото „и заедно да работат на обезбедување на подобрата иднина на сите граѓани, а од соседните држави, но и од верските лидери, уметници, работници во културата и претставници на граѓанското општество се бара во тоа да им помогнат.

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ