На „Скопско лето“ вечер на сцената на Македонскиот народен театар ќе гостува ансамблот на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со претставата „Крал Иби“ на Алфред Жари, во режија на Андреј Цветановски.
Насловната улога ја игра Зоран Љутков, а во актерската екипа се и: Зорица П. Панчиќ, Жарко Димоски, Фаик Мефаилоски, Марија Стефановска, Жарко Спасовски, Драгана Босниќ, Кирил Гравчев, Едмонд Сотир, Славица Манаскова… Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Александра Крнинова-Груев, а музиката е на Димитар Андоновски.
На програмата на „Кафе-кино“ во Сули ан, пак, во терминот од 21 часот ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Кругот“, снимен минатата година, во режија на Стефан Хаупт.