ФОТО: Болната Бошковиќ моли за помош, лекарската комисија и ги укина 3.000 денари

Од:

Младата кумановка, Даниела Бошковиќ која боледува од карцином на вилицата и на грлото на матката, како и булимија, повторно остана без правото на помош и нега од трето лице.

Иако овие средства и се неопходни поради здравствената состојба во која што се наоѓа, лекарската комисија одлучила да и го укине ова право.

d-boshkovic (1)

Самохраната мајка на две малолетни деца, истакна дека не знае зошто комисијата се одлучила на овој чекор, иако поседува лекарска документација која потврдува дека таа е работно неспособна. Вели дека со тие 3.000 денари може да ја плаќа киријата за изнајмениот дом.

– Многу ми значи таа помош, но еве ми ја укинаа. Газдите во куќата која што живеам ми рекоа да се иселам до 1-ви август. Колку пати упатувам апел до државата да ми помогне, граѓаните ми помогнаа многу, тука ќе ја спомнам и Крепост, црквата Свети Никола, но оние што можат и имаат поголема финансиска моќ, не сакаат ни да слушнат, ниту да се обратат да ми помогнат, а знам дека можат, вели таа.

d-boshkovic (3)

Триесет и четиригодишната кумановка во моментов живее од социјална помош, која изнесува околу 6.000 денари. Тие средства не се доволни за храната за децата, како и за лековите кои што и се неопходни. На неа и претстои и трета операција на вилицата, но истата не може да ја направи додека не ја зголеми телесната тежина.

Раскажува дека во моментов најважено и е да обезбеди покрив над главата за нејзините две деца, како и средства за плаќање на сметките за струја и вода. За потсетување на неа пред две години и беше укината социјалната помош, но по притисок од медиумите, надлежната лекарска комисија и ја врати. Нејзиниот полномошник, адвокатот Христијан Геориевски, кој што и обезбеди бесплатна правна помош, вели дека овој пат помошта и е укината по мислење од стручен тим, дека не ги исполнува условите согласно законот.

d-boshkovic (4)

– Медицинската документација особено неподобрување на нејзината влошена здравствена состојба од пред две години, апсолутно оправдува продолжувањето на парична помош и ова предметно решение ќе го обжалиме. Сметаме дека Министерството за труд и социјална политика ќе има сенс за вакво нешто за да и го продолжи правото. Ваквата ненамерна грешка сметаме дека е резултат на тоа што стручниот тим нема директен увид за какво лице станува збор, односно лице кое што е неподвижно со трајни дијагнози за функционирање, апсолутно заслужува да го користи ова право согласно законот, наведе Георгиевски.

Тој наведе дека во текот на денот или најдоцна до утре ќе поднесат жалба за решението, но апелираше до институциите да не чекаат одговор од Скопје, бидејќи се работи за личност на која што итно и е потребна помош.

d-boshkovic (5)

Сите хумани граѓани кои што сакаат да и помогнат на Даниела Бошковиќ може да ја најдат на:

Телефон: 071-831-813
Жиро сметка: 320500009057065 Централна кооперативна банка АД Скопје

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска