Мажите и жените во брак се посклони кон дебелеење од самците, покажа едно истражување на група научници, чии резултатите се објавени во списанието „Social Science & Medicine“.
Научниците го мереле индексот на телесна тежина на 10.226 испитаници од Австрија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Русија, Шпанија и Велика Британија.
Добиените податоци делумно ја демантираа тезата дека брачниот живот позитивно влијае врз здравјето и го потврдија вкоренетото мислење дека оженетите полесно се дебелеат.
Согласно стандардите на Светската здравствена организација, индексот на телесна тежина кај нормално ухранетите луѓе треба да биде меѓу 18,5 и 25.
Резултатите од истражувањето покажаа дека просечниот индекс кај мажите самци е 25,7, а кај оженетите 26,3. Неомажените жени имаат просечен индекс од 25,1, а мажените 25,6.