Без резултати заврши состанокот на еврогрупата за Грција

Од:

Состанокот на Еврогрупата за Грција заврши без резултати бидејќи Атина не достави предлози за реформи и антикризни мерки. Предлозите се очекуваат во текот на утрешниот ден.

– Атина се уште не доставила предлози, изјави по крајот на состанокот на министрите од еврозоната, Александер Стуб, фински министер за финансии.

Тој нагласи дека од Грција се очекува официјална молба во која ќе се формулира барањето за нова двегодишна програма за финансиска помош од Европскиот стабилизациски механизам.

Ситуацијата во Грција вечерва ќе биде разгледана на средба на високо ниво на државни и владини лидери од еврозоната.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски