Уапсен хрватскиот монах кој присвои 1,7 милиони долари

Од:

Хрватската полиција го уапси синоќа во Загреб монахот Шиме Нимац, кој е осомничен дека незаконски присвоил 1,7 милиони долари, по што тој е префрлен во Сплит, каде што ќе продолжи истрагата.

Монахот Нимац се најде среде скандалот кога во јавноста се појавија информации дека побегнал со над милион евра од продаденото земјиште, и тоа наводно, придружуван од жена.

Во одбрана на Нимац застанаа жители на Башка Вода. Тој изјави дека парите сакал да ги искористи за обнова на црквата.

Триесет и четиригодишниот монах во април продал 43.000 метри квадратни мерки во Башка вода, во реонот на Сплит. Тој ги повлекол парите од сметките на црквата, без да биде надлежен за тоа, и потоа избегал.

Сплитската архиепископија ангажирала адвокатски тим, за да се обиде да го врати земјиштето, продадено од Нимац.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата

(ВИДЕО) Пентагон потврди: Хрватска од Америка го купува најмоќното оружје во својата историја