Од јануари Министерството за труд и социјална политика не ги потврдува документите за регистрација на 12 синдикати од институциите од културата.
Денеска,претставници на Синдикатот протестираа пред Министерството поради неодговорените барања за регистрација на нови синдикални организации.
– Огорчени сме од игнорантскиот однос кон Синдикатот на културата на Министерството за труд и социјална политика. Сите синдикални организации од различни институции од културата кои имаат поднесено уредна документација за регистрација на синдикални организации се намерно бојкотирани, намерно се кршат законот и уставот, пробиен е законскиот рок од 30 дена. И буквално за секоја синдикална организација се потребни по 5,6 или 7 месеци, на наше барање до Управниот инспекторат да се забрза процедурата и да се проследат документите до Централниот регистар. Тоа е срамота за Министерството, ние сме граѓани на РМ, а ова Министерство треба да биде сервис на граѓаните, а не ние да молиме и да поднесуваме жалби и пријави. Но, свесни сме дека оваа процедура е намерно направена во координација меѓу Министерството за култура и Министерствто за труд, бидејќи е очигледно дека на Минстерството за култура им треба еден полтронски синдикат каков што е СОНК, вели Виктор Илиески, претседател на Синдикатот на култура.
Според него, СОНК прифаќа законски решенија на штета на сите вработени во културата.
– Ние сме згрозени од таквиот однос на двете министерства, додава Илиески.
Синдикатот на култура најави преземање на радикални мерки од септември. Неговите членови се против донесувањето на колективниот договор што го подготвуваат СОНК и Министерство за култура, бидејќи, како што велат, сите лоши членови се препишани во тој договор.
Илиески упати апел до министерката за култура да не прави раздор меѓу вработените во културата.
– Ова е мамка каде што се укажува на одредена корекција на платите, но укажувам дека на крај во колективниот договор стои дека сите обврски се на грбот на вработените, меѓутоа нема да има финансиски импликации бидејќи државата нема пари. Тоа е катастрофално решение да се вметнуваат само
Првото барање за регистрација на синдикатот на вработените од музејот во Штип било поднесено на 15 јануари, а Министерството за труд и социјална политика се уште ги потврдува барањата за формирање на синдикати во „Танец“, Драмски театар, МНТ, вкупно, 12 институции од културата.
– Стравот од Синдикатот на култура е очигледно голем, а нашата цел е да се смени Законот за култура кој е направен аматерски, во една канцаларија, од страна на тројца државни службеници и тврдиме дека тој е на штета на сите, вели Илиески.
Кон Синдикатот на културата на Република Македонија како легитимен синдикат кој ги обединува синдикалните организации од Филхармонија, МОБ, театри, конзерваторски центри, музеи, заводи за заштита на споменици на културата, институции за управување со археолошки локалитети се приклучуваат бројни синдикални организации кои веќе неколку месеци имаат поднесено барања за нивна регистрација, но Министерството за труд и социјална политика ги задржува документите и не издава потребна документација која ќе се проследи до Централниот регистар за официјална регистрација на синдикалните организации.
Синдикалците од култура се со цврст став дека последните измени на Законот за култура е штетен за сите вработени во културата: музичари, танчери, актери, филмски работници, археолози, конзерватори, музеалци, сликари, историчари, историчари на уметноста, етнолози, архитекти и административен-технички кадар
Тие се спротивставуваат на дефиницијата „даватели на јавни услуги,“ бидејќи, според нив, тоа е форма на административна пранга. СКРМ уште во јануари 2015 година даде преставка до Уставен суд за неуставноста на овие измени во Законот. Оттаму се уште нема одговор.
Тие се против и СОНК во нивно име набрзина, непромислено и неавторизирано да преговара и да се потпише колективен договор.
А.Б.