Приштина одбива договор, а на Белград му се брза

Од:

Данас – Белград

Продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина не е закажан ниту на експертско, односно техничко ниво, а времето на Србија полека и истекува.

Ако Белград сака во јули да добие препорака од Европската комисија и отварање на поглавје во преговорите со ЕУ до крајот на 2015 година, новите бриселски договори мора да бидат дефинирани во следните десет дена.

Проблемот настана во толкувањето на овластувањата кои би ги имала Заедницата на српските општини. Според неофицијални извори на „Данас“, ЕУ за ЗСО наводно предвидела извршни овластувања во согласност со Првиот бриселски договор, целосна контрола во областа на економскиот развој, образованието, здравството, урбаното и руралното планирање.

Тоа за Владата на Косово, која веќе има сериозни проблеми поради основањето на специјалниот суд за злосторствата на Косово, во овој момент е дополнителен политички ризик, тврдат извори на „Данас“.

Прашањето на социјалниот суд, како што се тврди, влијае дури и на преговарачката (не)искреност и однесувањето на шефот на косовската дипломатија и поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, кој во Приштина е осомничен за двојна игра во врска со донесувањето на закон за овој суд.

Во секој случај, Приштина за сега, го одби предлогот за извршно овластување на ЗСО, а некои западни дипломати оценуваат дека во најдобар случај идната Заедница на општини може да добие статус на регион со засилени овластувања.

Во преговарачките и дипломатските кругови поделени се проценките дали ЕУ оди на потпишување на втор Бриселски договор за принципите за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, кој би опфаќал повеќе договори, што оптимистички го најави и премиерот на Косово.

Извори блиски на белградските преговарачи, тврдат дека потпишувањето е во пакет на идеите на Приштина, а дека Брисел во оваа рунда барал само да се дискутира и работи на решенија за сите четири теми. Круговите кои најавуваат потпишување на втор Бриселски договор велат дека тоа е завршена работа и дека само е прашање на време кога ќе се случи тоа, а дека на главните преговарачи на двете страни сега им е неопходен одмор за да го подготват теренот дома, каде поради специјалниот суд во Приштина и Сребреница во Белград, состојбата за потпишување е понеповолна од пред една недела.

Ако дел од новиот бриселски пакет биде и енергетиката, некои соговорници на „Данас“ предупредуваат дека Белград не би можел, ниту смее да стави потпис пред да добие гаранции дека ќе се разговара и за имотот.

– Белградскиот преговарачки тим направи многу корисни работи и со право инсистира на гаранции за имотот, но Белград генерално влезе во проблем со помешаните приоритети меѓу ЕУ и Косово и Метохија и Сребреница и Република Српска. Затоа мора да одлучи што му е поважно, вели за „Данас“ политичкиот аналитичар Душан Јањиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од Железничката станица во Нови Сад, има повредени

Два земјотреса кај Врање

Европската Комисија: Стратегиската насока на Србија е под знак прашалник

Горан Наумовски

Дачиќ: Откриена е голема измама, жртвите останале без милиони евра

Горан Наумовски

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции