Властите во САД можат да се согласат да склучат вонсудска зделка со поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден, што ќе предизвика негово враќање во земјата и скратување на можниот рок на затворската пресуда, во замена на соработка во истрагата. Тоа го изјави поранешниот министер за правда на САД Ерик Холдер.
На прашањето дали Министерството за правда на САД е подготвено да дозволи да се врати и да смета на полесна казна, Холдер рече дека според него, „таква можност постои“.
– Навистина сметам дека има одредени основи за решение, кое би ги задоволило сите, рече тој.
Сноуден во моментот престојува во Русија со времена дозола од три години, откако властите на САД му го поништија пасошот.