Цакалотос: Нема да склучиме неспроведлив договор со кредиторите

Од:

Грција нема да се согласи на неспроведлив договор со кредиторите, изјави синоќа новоназначениот грчки министер за финансии Евклидис Цакалотос, пренесе БТА.

Денеска тој заминува за Брисел каде ќе учестува на средбата на министрите за финансии од еврозоната, на која ќе се разгледа натамошното финансирање на Атина.

Цакалотос не кажа што подразбира под неспроведлив договор.

Зборувајќи за неделниот референдум, на кој големо мнозинство од граѓаните во земјата ги отфлрија условите од спогодбата, поставени од кредиторите, тој изјави дека дадениот сигнал од општонародното изјаснување „ќе остане во економската историја“.

Тој го пофали својот претходник на функцијата Јанис Варуфакис, кој вчера поднесе оставка на молба на премиерот Алексис Ципрас, за да се активираат запрените преговори.

– Ние дојдовме до оваа точка од преговорите благодарение на Варуфакис. Целата планета сега разгледува спроведливо решение за (должничкиот проблем на) Грција. Мислам дека сите ние, целиот народ, треба да му кажеме огромно благодарам. Се надевам дека ќе ја продолжам оваа работа, а тој ќе ми помага со совети, подвлече новиот грчки министер за финансии.

Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, го повика грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната итна средба на лидерите на еврозоната да донесе нови конструктивни предлози.

Зборувајќи во холандскиот Парламент, Дејселблум кажа дека без јасен пакет од реформи останувањето на Грција во еврозоната е „многу проблематично“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит