Еден 66 годишен човек почина за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат против владините мерки за штедење, јавуваат грчките медиуми.
Адвокати, нотари, аптекари, лекари, просвети работници, контролори на летање, такси возачи и возачи на траекти, новинари… штрајкуваат втор пат во последните три недели за да им покажат на лидерите на ЕУ, дека новиот бран на намалување на платите и пензиите само може да ја влоши ситуацијата по пет години рецесија.
Повеќе од 20 илјади демонстранти се собраа во центарот на Атина, додека поголемиот број на компании и вработени во државните сектори го започнаа 24 часовниот генерален штрајк кој го организираа двата најголеми грчки синдикати. Најголемиот дел од земјата е парализиран.