Министрите за финансии од еврозоната очекуваат нови предлози од Грција пред нивната нова средба, планирана за утре, информира претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум на Твитер, цитиран од ДПА.
– Заседанието на Еврогрупата почнува утре во 13 часот (11 часот според Гринич). Министрите очекуваат нови предлози од грчките власти, изјави Дејселблум на својот твит.
Министрите утре треба да ја разгледаат ситуацијата по референдумот во Грција, дополни тој.
– Еврогрупата ќе ја разгледа ситуацијата по референдумот, што се одржа во Грција на 5 јули. Министрите очекуваат нови предлози од грчките власти, се посочува во соопштение на Еврогрупата.