Грчкиот главен преговарач во разговорите со меѓународните кредитори, Еуклид Цакалотос е главен кандидат на Владата за нов министер за финансии на Грција.
Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, го соопшти висок претставник на кабинетот на Ципрас по оставката на Варуфакис.
Во моментов во претседателската палата се одржува состанок меѓу грчкиот претседател и лидерите на парламентарните партии, по кој се очекува да биде соопштено името на новиот министер за финансии.
Во меѓувреме, шефот на еврогрупата Јерун Дејселблум на Твитер соопшти дека утре попладне ќе се одржи состанок на еврогрушата посветен на Грција.