Започна судскиот процес против полицаецот Трифуноски

Од:

По две одложувања, започна судскиот процес во Основниот суд во Гостивар, против полицаецот Јаким Трифуноски, обвинет за убиството на Бесник Шехапи и Имран Мехмеди.

Трифуновски на денешното рочиште конечно прозборе за тоа што се случило и зошто бил нападнат.

„Ми ја нападнаа ќерката и сакаа да ми се осветат бидејќи сум полицаец. Немаше никакви мотиви од национална и верска природа“, изјавува Трифуновски на денешното рочиште во Судот во Гостивар.

Ова е првото  судско рочиште со негово присуство откако претходно процесот беше два пати одложуван поради безбедносни причини. Овојпат Трифуновски се појави на судењето, а беше донесен со големо полициско обезбедување.

Според обвинението, Трифуноски во февруари годинава, по расправија за паркинг, со службен пиштол ги застрелал соседите Шехапи и Мехмеди.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип