Полицијата и родители во ноќна патрола во Крива Паланка

Од:

Најпосетуваните места за ноќна забава од страна на малолетните лица во Крива Паланка синоќа беа посетени од мешани патроли од полициски службеници и родители.

Во мешаните патроли учествуваа полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка, родители на малолетници, основци и средношколци, претставници од Совет на родители од основните и средното училиште од општината, претставници од социјалните служби од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Крива Паланка, директорот на ООУ „Илинден“ од Крива Паланка, Оливер Дејановски, а во патролата учествуваше и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, Слаѓана Митовска.

– Овој проект веќе трета година се спроведува на подрачјето на СВР Куманово и на територијата на ПС Крива Паланка. Истиот има за цел посета на ноќните локали, ресторани, паркови и останати места на отворено каде младите се собираат во вечернте часови и консумираат алкохол, цигари и останати недозволени супстанци.Со мешаните патроли родителите се соочуваат со реалната состојба на терен, за тоа каде и со кого нивните деца го минуваат времето и каде доаѓаат во допир со недозволените супстанци кои се причинители за нивното лошо социјално поведение, рече Стојмир Стефановски, виш инспектор за превенција во ПС  Крива Паланка.

Пратеничката Митовска го поздрави проектот и посочи дека комуникацијата родител-дете е од особена важност за превенирање на сите несакани последици кои настануваат од несоодветното социјално поведение на младите.

– Ова е исклучително важен проект кој со поголема вклученост на родителите може да даде значајни резултати во правилното насочување на младите индивидуи и нивно усмерување на вистинскито пат. Крива Паланка не е имуна на сите негативни трендови и пороци, но доколку се засили влијанието на социјално-педагошките служби во училиштата и се зацврсти врската родител-дете, со меѓусебна доверба и поддршка ќе се надминат несаканите појави,  рече Митовска.

Митовска апелираше до родителите на малолетниците што повеќе да разговараат со своите деца, но и со родителите на нивните другарчиња, за да можат, како што рече, да ги имаат вистинските информации и да можат да создадат реална слика за кругот во кој се движат децата, а со тоа и на време да реагираат во спречувањето на негативните дејанија.

Мешаната патрола беше спроведена во периодот од 22 до 24 часот  во најфреквентните локали низ Крива Паланка, како и на местата на отворено и  парковите каде се собираат поголеми групи млади лица.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он