Во источна Кина се урна фабрика за обувки, девет лица загинаа

Од:

Фабрика за обувки вчера попладне се урна во источна Кина. Најмалку девет лица загинале, а над 30 се ранети, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се локалните власти.

Уривањето на фабриката се случило во градот Ванлин, во провинцијата Чеѕијан.

Од соопштението на локалните власти се дознава дека од под урнатините биле извадени 42 лица. Сите биле пренесени во болница, каде девет од нив починале.

Причината за инцидентот  се уште се истражува.

Би можело да ве интересира

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД