Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, имаше најдобро време на квалификациите што денеска се возеа на патеката во Силверстоун и со тоа се избори за пол позицијата на утрешната трка.
За Хамилтон ова е осма пол позиција во оваа сезона или вкупно 47. во кариерата.
Во првиот ред ќе биде и вториот возач на Мерцедес, Нико Розберг, додека како трет ќе стартува Фелипе Маса во болидот на Вилијамс. Од позицијата број четири ќе тргне вториот болид на Вилијамс со Валтери Ботас.
Во третиот ред ќе бидат двајцата возачи на Ферари, но за изненадување се погрижи Кими Раиконен (петто време), а зад него заврши четирикратниот шампион Себастијан Фетел.
На врвот во генералниот пласман се наоѓаат возачите на Мерцедес Хамилтон има 169 бодови, а Розберг 159, следи Фетел со 120.