Амбасадата на Србија бара извештај за нападот во Скопје

Од:

Српската амбасада  бара итно информации за нападите пред два дена на седум навивачи на Србија во Скопје. Амбасадата ги побара лекарските и полициските извештаи и известување за понатамошното постапување на полицијата.

Според информациите на Амбасадата, група  млади од Лесковац допатувале во Скопје со два автомобили, а 10 до 15 лица ги нападнале со палки во страта чаршија во Скопје. Некои од напаѓачите имале и ножеви.

Друга група млади од Србија допатувале со воз од Белград во Скопје, а биле нападнати од 10 –15 лица кај трговскиот центар Мавровка во Скопје.

Еден од нив по нападот е задржан на Клиничкиот центар бидејќи добил убод од нож во грбот.

Тој според наводите на српската амбасада ќе биде отпуштен од Клиниката најверојатно во следниот  понеделник.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Голманот Овоно размислува да ја заврши кариерата: „Никој не излегува на терен со намера некого да убие“

А1он