Во Куќата на уметноста во село Кнежино, Кичевско, денеска почнува 22. меѓународна Кичевска ликовна колонија.
Манифестацијата ќе трае две недели, а ќе учествуваат преку 25 еминентни ликовни уметници, академици и професори од Македонија и од уште 15 земји, Русија, Франција, Малезија, Пакистан, Турција, Казахстан, Белорусија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора, Србија, Кипар,…
На отворањето ќе се обрати основачот и покровител на колонијата, претседателот на управниот одбор на АД Тајмиште Владимир Толески.
Во рамки на Интернационалната Кичевска ликовна колонија која се одржува 21 година, досега се создадени над 1.000 уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 800 дела од светски познати мајстори. Целта на манифестацијата е да го стимулира, поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво, како и да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби.