„Волво XC90“ автомобил на годината во изборот на магазинот „Auto Express“

Од:

Новиот „Волво XC90“ продолжува со освојување меѓународни признанија. Најновата од серијата награди е „Автомобил на годината 2015.“, која кон крајот на јуни му беше доделена од страна на британскиот магазин „Auto Express“, членка на меѓународната група „Ауто Билд“.

Покрај тоа што е прогласен за „Автомобил на годината 2015.“, со што стана вкупен победник на годинешниот избор на „Auto Express, новиот „Волво“ тријумфираше и во категоријата на големи СУВ модели.

Втората генерација на моделот „Волво XC90“, која беше претставена во 2014 година, бележи добри продажни резултати ширум светот. По само шест месеци стигна на само чекор од исполнување на годишниот план што изнесува 50.000 произведени единици. До крајот на јуни „Волво“ прими повеќе од 44.000 нарачки.

Новиот „Волво XC90“ претставува првиот модел на овој производител што настана на новата, модуларна СПА платформа, а користи погонска гама заснована на напредна „Drive -Е“ технологија.

Во согласност со популарниот тренд „downsizing“, понудата на мотори опфаќа исклучиво четирицилиндерски бензински и дизел 2.0 единици, како и Т8 „Плуг-Ин“ хибрид со комбинирана сила од 400 КС.

Од август 2014 година, „Волво XC90“ освоио вкупно 19 меѓународни награди и признанија, соопшти шведскиот производител.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ