Изложба на „Land art“ во Кула

Од:

Културниот центар „Кула“ организира изложба на дела кои се изработуваа за време на работилницата за „Land Art“. Производите од работилницата која се одвиваше од 13 до 14 јуни во Китка, ќе можат да се погледнат, вечерва 3 јули (петок) со почеток во 20 часот.

На изложбата се презентирани фотографии и видеа од инсталациите кои се изработија во текот на престојот во Китка.

landart

„Делата кои се изработуваа беа создадени исклучиво од природни елементи со минимални интервенции од додатни материјали. На фотографиите ќе имате прилика да погледете инсталации, скулптури, дела налик на тотеми и сл. Целта на работилницата и нејзиниот креативен продукт демонстрира дека природата е уметност сама по себе, а ние како нејзини двигатели посредуваме со екстремна едноставност на елементи и форми. На тој начин создаваме симбиоза помеѓу делото и природата, што е целна мисла на овој проект“, велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска