Во рамките на Меѓународната културна манифестација „Петровденски конаци“ синоќа крај кејот на Кочанска река се одржа ликовен перформанс под наслов „Арт варијации“ на кој учествуваа ликовни уметници од Македонија, Србија и од Школата за сликање и цртање од Кочани.
-Ликовниот перформанс има за цел да ја анимира кочанската јавност заедно со уметниците да создава ликовни дела. Учествуваат ликовните уметници Невенка Стефановиќ, Марија Алексиќ и Никола Брадиќ од Ниш, Република Србија, како и ликовни уметници од Кочани предводени од ликовниот педагог Акександра Сандева Димитрова, изјави Миодраг Трендафиловски Мики, ликовен уметник од Куманово кој четврта година е дел од Ликовниот перформанс во Кочани.
Делата од четвртиот ликовен перформанс „Арт варијации“ ке бидат презентирани пред кочанската јавност во недела, а ликовни дела масло на платно од Невенка Стефановиќ, ликовен уметник од Ниш ќе бидат изложени во изложбениот салон на Националната установа центар за култура „Бели мугри“ во Кочани.