Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, културниот и политичкиот живот на Република Австрија, како и бројни љубители на уметноста, во галеријата Merikon во Виена е отворена изложбата „Sequence” на македонскиот ликовен уметник Анкица Власиќ.
Изложбата ја отвори постојаниот преставник на Република Македонија при Меѓународните организации со седиште во Виена, амбасадорот Кире Илиоски кој зборуваше за творечкиот опус на Власиќ и за важноста на јавната и културната дипломатија во промоцијата на нашите културни и уметнички вредности на глобалната сцена.
Ова е прво претставување на Анкица Власиќ пред виенската публика, а изложбата ќе биде отворена до 8 јули 2015 година.