Турција распоредила дополнителна војска и опрема на делови од границата со Сирија во моментот на интензивирање на борбите околу градот Алепо, изјавија претставници на силите за безбедност.
Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу во меѓувреме изјави дека моментално нема планови за упад.
Безбедносни извори и официјалните претставници во Анкара наведуваат дека турската војска ја зајакнала безбедноста испраќајќи и специјални сили поради острите борби.
– Точно е дека презедовме превентивни мерки за да ја заштитиме нашата граница. Доколку се појават околности долж границата кои се закана за безбедноста на Турција, ќе биде издадена наредба за постапување, но никој не треба да очекува дека Турција ќе влезе во Сирија утре или во блиска иднина, истакна Давутоглу.