Германскиот „изум“ на педаготот Фридрих Вилхем Август Фребел во средината на 19. век претставуваше права револуција. Концептот на раното образование и денес е актуелен. Во време на индустрикста револуција 1840 година педаготот Фребел во Франдербург ја формира „Општата германска детска градинка“, односно првата градинка во светот.
Но, Фребел отиде и чекор понатаму. Тој ја застапуваше идејата дека децата треба што побрзо да добијат пристап до образованието. Ова посебно важеше за малите деца, но тој не мислеше на реална настава. Фребел сметаше дека децата најдобро учат преку своето природно однесување – играта.
Тој за да им ги пренесе основните на математичко-физичките законитости на најмалите разви играчки во облик на геометриски фигури, како што се коцките, цилиндри и топки.
Првата детска градина во светот Фребел мораше да ја затвори поради недостиг на пари. Но, не се откажа од идејата и патуваше, држеше предавање и ги образуваше професионалните воспитувачи. На почетокот воглавно тоа беа мажи, а подоцна и неомажени жени.
На крајот на граѓанско-демократската револуција во 1848 година пруската држава го забрани овој прогресивен концепт. Фребел почина во 1852 година, но неговата педагошка реформа го освои светот.
– Воспитувачките беа мудри и образование жени кои зборуваа и странски јазици. Тие отидоа во земјите во кои капитализмот беше понапреден и потребата за детски градинки беше поголема отколку во Германија и така го раширија тој концепт, изјави кустосот на Музејот на Фребел, Маргита Рокштајн.
Со тој концепт во светот се прошири и името „Киндергартен“. Концептот за детска градина на Фребел и денес е актуелен во целиот свет.